Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека ги прогласува за ништaвни сите документи на администрацијата на Џо Бајден што биле потпишани со уред за автоматско потпишување, познат како „autopen“.
„Сите документи, прокламации, извршни наредби, меморандуми или договори, потпишани со сега веќе озлогласениот и неовластен ‘AUTOPEN’ во администрацијата на Џозеф Р. Бајден Џуниор, со ова се ништaвни, неважечки и без какво било правно дејство или ефект“, изјави Трамп.
Тој додаде дека секој кој добил „Помилувања“, „Ублажување на казни“ или било кој друг правен документ потпишан на овој начин треба да биде информиран дека документот е целосно поништен и нема никаков правен ефект.
Според претходни најави на Трамп, станува збор за околу 92% од сите документи што ги потпишал поранешниот претседател Бајден користејќи autopen.
