„Да, сè уште е во сила“, изјави Трамп за новинарите во претседателскиот авион, одговарајќи на прашање дали прекинот на огнот сè уште трае.
Тој додаде дека раководството на Хамас не е директно вклучено во наводните прекршувања на примирјето, туку дека за тоа се одговорни „некои бунтовници од тој движење“.
„Без разлика кој стои зад тоа, ситуацијата ќе се реши на правилен начин — остро, но праведно“, изјави Трамп.
Израел синоќа соопшти дека ги прекинал воздушните напади во Појасот Газа и дека примирјето е повторно на сила, по краток вооружен инцидент во кој израелската армија го обвини Хамас за напад врз нејзини војници. Тоа беше прво сериозно нарушување на прекинот на огнот од 10 октомври, кога примирјето стапи во сила.
Американскиот претседател исто така потврди дека нема намера да ги укине царините кон Индија сè додека земјата не престане да купува руска нафта.
„Разговарав со индискиот премиер Нарендра Моди, кој ми рече дека тоа ќе престане“, изјави Трамп, додавајќи дека доколку Нју Делхи продолжи со купување руска нафта, ќе се соочи со „многу високи царини“.
Прашњето за купување руска нафта веќе подолго време претставува камен на сопнување во трговските односи меѓу Вашингтон и Њу Делхи. Половина од царините од 50 проценти што САД ги применуваат на индиската стока се воведени како одговор на индиските енергетски договори со Москва.
Американската влада смета дека приходите од продажбата на нафта се главен извор на финансирање на руската воена кампања во Украина.
Извор: N1info.rs