Трамп: Постигнавме огромен напредок со Кина – договорен е целосен „ресет“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат „огромен напредок“ во трговските преговори со Кина и дека е договорен целосен ресет на односите. Средбата се одржа во Женева, каде што делегации од двете земји разговараа за царинските политики и иднината на економската соработка.

„Имавме многу добар состанок со Кина во Швајцарија. Се дискутираа многу теми и постигнати се значајни договори“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social. „Преговорите за целосен ресет се одвиваа во пријателски и конструктивен дух. Се надеваме дека Кина ќе се отвори повеќе за американските компании. Постигнат е голем напредок!“

Преговорите почнаа вчера наутро во луксузна вила во Женева, а завршија вечерта, со план да продолжат денес. Американската делегација беше предводена од министерот за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Грир, а кинеската од заменик-премиерот Хе Лифенг.

Тензиите меѓу двете земји растеа последниве недели, особено поради одлуката на Трамп да зголеми царините за кинеска стока за повеќе од 100%. Тоа предизвика нарушувања во синџирите на снабдување, турбуленции на финансиските пазари и страв од забавување на глобалната економија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни