Трамп одлучи да ги прекине трговските преговори со Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги прекине трговските преговори со Канада, обвинувајќи ги канадските власти дека ги искривиле зборовите на неговиот претходник, Роналд Реган, во рекламна кампања против зголемувањето на царините меѓу двете земји.

„Со оглед на нивното скандалозно однесување, сите трговски преговори со Канада со ова се прекинуваат“, објави Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Тој посочи дека Фондацијата „Роналд Реган“ објавила дека Канада „измамнички искористила лажна реклама“ во која Реган наводно зборува негативно за царините.

Станува збор за рекламна кампања финансирана од канадската провинција Онтарио, во вредност од околу 75 милиони долари, насочена кон републиканските гласачи во САД.

Фондацијата „Роналд Реган“ соопшти на социјалната мрежа X дека кампањата селективно користела аудио материјал од радио обраќање на поранешниот републикански претседател од април 1987 година.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни