Трамп може „да го земе“ Гренланд во 4 чекори

Трамп има план во 4 чекори за Гренланд – од кампања за независност до воена опција. Како САД би можеле да се обидат да го преземат арктичкиот остров и какви се последиците.

Доналд Трамп сака САД да ја преземат контрола над Гренланд, иако островот веќе припаѓа на Данска, а мнозинството жители не сакаат да станат дел од САД.

Иако сценарио во кое американските сили „влегуваат“ во главниот град Нуук звучи како политичка фантазија, некои експерти сметаат дека постои јасен пат кој Трамп може да го следи – и дека дел од него веќе е започнат. Стратегијата потсетува на екspanзионистички модели поврзани со Русија, предупредуваат европски извори.

Чекор 1: Кампања за влијание и поттикнување независност

Администрацијата на Трамп започна да ја промовира идејата за независност на Гренланд, со цел жителите да можат сами да склучуваат договори со САД. Анкетите покажуваат дека 56% од Гренланѓаните би гласале за независност.

Чекор 2: Понуда на Гренланд

Доколку референдумот успее, САД би можеле да воведат нов модел на соработка, сличен на договорите за слободна асоцијација кои имаат со Микронезија, Маршалските Острови и Палау. Ова би овозможило американски пристап и заштита, без директно присвојување, кое 85% од Гренланѓаните би го одбиле.

Чекор 3: Придобивање на Европа

Европските сојузници, особено Данска, би се спротивставиле, но администрацијата на Трамп би можела да користи американска поддршка за Украина како „трговски адут“ во преговорите.

Чекор 4: Воена опција

Ако Гренланд или Данска кажат „не“, САД би можеле да распоредат војници и да ја преземат контролата брзо. Гренланд нема своја армија, а данските сили се ограничени. Експертите предупредуваат дека ваква интервенција би била без легална основа и би ја довела во прашање довербата во НАТО.

За сега, НАТО и европските сојузници се обидуваат да ја задржат ситуацијата мирна, а сценариото на воена окупација сеуште изгледа далечно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни