Трамп истакна дека Украина, со поддршка од ЕУ и НАТО, може да ја врати целата своја територија, нарекувајќи ја руската армија „тигар од хартија“. „Путин и Русија се во огромни економски проблеми, а сега е моментот Украина да дејствува“, порача тој.
Американскиот државен секретар Марко Рубио објасни дека промена на ставот на Трамп е резултат на руското одолговлекување со мировниот процес и новата ескалација на нападите. „Претседателот е трпелив, но неговото трпение не е бесконечно“, предупреди Рубио.
Полскиот претседател Карол Навроцки, пак, пред ОН изјави дека Полска е подготвена да го брани својот териториј од руските дронови и авиони, нагласувајќи дека „народите од Централна и Источна Европа нема да се плашат од Москва“.
Г7 земјите во заедничко соопштение ги осудија руските упади во воздушниот простор на НАТО членки, оценувајќи ги како „неприфатливи“.
Извор: Index.hr