Трамп конечно се сврте против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат јавно застана цврсто против Русија, повикувајќи земјите членки на НАТО да соборуваат руски авиони кои влегуваат во нивниот воздушен простор.

Трамп истакна дека Украина, со поддршка од ЕУ и НАТО, може да ја врати целата своја територија, нарекувајќи ја руската армија „тигар од хартија“. „Путин и Русија се во огромни економски проблеми, а сега е моментот Украина да дејствува“, порача тој.

Американскиот државен секретар Марко Рубио објасни дека промена на ставот на Трамп е резултат на руското одолговлекување со мировниот процес и новата ескалација на нападите. „Претседателот е трпелив, но неговото трпение не е бесконечно“, предупреди Рубио.

Полскиот претседател Карол Навроцки, пак, пред ОН изјави дека Полска е подготвена да го брани својот териториј од руските дронови и авиони, нагласувајќи дека „народите од Централна и Источна Европа нема да се плашат од Москва“.

Г7 земјите во заедничко соопштение ги осудија руските упади во воздушниот простор на НАТО членки, оценувајќи ги како „неприфатливи“.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни