Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека САД ќе ги прекинат трговските односи со Шпанија.
„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никакви работи со Шпанија“, изјави Трамп пред новинарите додека седеше во Овалната канцеларија на состанок со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Тој додаде дека го инструирал министерот за финансии, Скот Бесент, да ги прекине „сите зделки“ со оваа европска држава и членка на НАТО. Според него, Шпанија била „лоша“ во однос на реакцијата на земјите НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.
Шпанија ѝ го ускрати пристапот на САД до своите воени бази, а најмалку 15 американски авиони ја напуштиле базата Рота и Морон на југот на земјата поради американско-израелските напади на Иран. Шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Албарес, истакна дека Шпанија нема да дозволи користење на своите воени бази за напади врз Иран.