Американскиот претседател Доналд Трамп ја прошири листата на земји чијашто државјани имаат забрана за влез во САД, додавајќи седум нови држави, меѓу кои е и Сирија. Новата забрана стапува на сила од 1 јануари 2026 година.
Во соопштението од Белата куќа се наведува дека мерката е донесена за “заштита на националната и јавната безбедност од закани поврзани со несоодветни безбедносни проверки и размена на информации.”
Новата забрана се однесува на државјаните на:
- Буркина Фасо
- Мали
- Нигер
- Јужен Судан
- Сирија
- Лаос
- Сиера Леоне
Исто така, ограничувањата сега се целосни за лица со патни исправи издадени од Палестинската власт, додека претходно беа делумни.
Одлуката за Сирија е значителен заокрет, бидејќи Трамп во ноември изјави поддршка за новиот сириски лидер Ахмед ал-Шарау, по соборувањето на долгогодишниот претседател Башар ал Асад. Меѓутоа, последниот напад во Сирија, во кој загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач, беше наведена како причина за затегнување на мерките.
