Хамас вели дека се согласил да ги ослободи сите преостанати израелски заложници, но бара понатамошни преговори за голем број прашања наведени во мировниот план на САД за Газа
Последните информации говорат дека Бенџамин Нетанјаху изјавил дека Израел „се подготвува веднаш да ја спроведе“ првата фаза од планот на Доналд Трамп
Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Трамп вели дека верува оти Хамас е „подготвен за траен мир“, додека го повикува Израел да „го запре бомбардирањето на Газа“
Од друга страна стотици жители на Газа бараат попрецизни информации во врска со најновите политички изјави – и дали тие ќе донесат крај на хуманитарната катастрофа
Дописникот на BBC од Ерусалим објавува дека изјавата на Хамас е значајна без сомнение, но сè уште има многу детали што треба да се разработат.
Хамас не се осврна на клучните аспекти на планот на Трамп – вклучувајќи го и барањето за негово разоружување и повлекување од својата улога во управувањето со Газа.
Хамас беше под голем притисок да прифати барем некои точки од договорот на претседателот Трамп за Газа. Со својот одговор „да, но…“, токму тоа го направија.
Тие се согласија да ги ослободат сите преостанати израелски заложници, и живи и мртви, и дека Газа ќе биде управувана од технократи.
Во соопштението на групата не се споменува нејзиното разоружување, кое беше главно израелско барање, ниту прогонството на нејзините членови.
Реакцијата дојде по почетокот на еврејскиот викенд, па затоа реакцијата во Израел досега беше ограничена.
Канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека земјата се подготвува за итно ослободување на сите заложници. А извештаите сугерираат дека на армијата ѝ е наредено да ги намали офанзивните операции.
Во Газа, многумина изразуваат надеж дека овие драматични случувања конечно би можеле да го отворат патот за завршување на војната.