Трамп ги утеши берзите, пазарите повторно во пораст

Европските и азиските берзи пораснаа откако Доналд Трамп најави дека САД би можеле да ги запрат нападите врз Иран во рок од две до три недели, со или без договор.

Европските и азиските пазари бележат силен пораст, поттикнати од обновените надежи дека војната со Иран би можела наскоро да заврши, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските трупи ќе се повлечат за две до три недели, со или без договор.

Обновениот оптимизам за можна деескалација на војната со Иран, која сега е во својата петта недела, им даде силен поттик на берзите во Европа и Азија,

Индексот Euro Stoxx 50 е во плус за повеќе од 1 отсто, додека поширокиот паневропски индекс Stoxx 600 е повисок за околу 2,5 отсто.

Во Лондон, FTSE 100 порасна за околу 0,8 отсто, додека германскиот DAX 30 и францускиот CAC 40 бележат сличен раст. Италијанскиот FTSE MIB скокна најмногу и е повисок за 1,7 отсто.

За време на кратко обраќање во Белата куќа во вторникот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјата „веројатно“ ќе ги запре нападите врз Иран во рок од две до три недели, „без разлика дали ќе имаме договор или не“.

По коментарите на Трамп, нагло паднаа и фјучерсите за нафта за наредниот месец, при што и Brent и WTI се тргуваа околу 4 отсто пониско и под 100 долари за барел.

Трамп исто така нагласи дека САД „нема да имаат никаква врска“ со тоа што ќе се случува понатаму во Ормускиот Теснец.

И покрај олеснувањето на пазарите, инвеститорите со нетрпение го очекуваат обраќањето на Трамп до нацијата за конфликтот, кое, според портпаролката на Белата куќа, ќе се случи во текот на ноќта меѓу среда и четврток.

Азиските пазари, американските фјучерси и благородните метали

Азиските акции, исто така, силно пораснаа по изјавата на Трамп.

Јужнокорејскиот индекс Kospi ги надомести загубите од почетокот на неделата и скокна за повеќе од 8 отсто, додека токискиот Nikkei 225 порасна за повеќе од 2 отсто.

Истражување на јапонската централна банка, покажа дека деловното расположение кај големите производители се подобрило и покрај загриженоста поради војната со Иран.

Индексот Hang Seng во Хонгконг е исто така повисок за повеќе од 2 отсто, додека Shanghai Composite скокна за околу 1,5 отсто. Дополнително, индискиот Sensex порасна за околу 2 отсто, австралискиот ASX 200 е во плус 1 отсто, а тајванскиот Taiex се искачи за повеќе од 4 отсто.

И американските фјучерси исто така се тргуваат повисоко, меѓу 0,7 и 1,2 отсто.

Овој раст следува откако американските берзи во вторникот го имаа својот најсилен ден во речиси една година, кога S&P 500 порасна за 2,9 отсто, што е негов најголем дневен скок од мај наваму.

Dow Jones Industrial Average порасна за 2,5 отсто, додека Nasdaq скокна за 3,8 отсто.

„Вреди да се размисли како би реагирале пазарите ако војната навистина заврши многу брзо. Дали пазарите имаат уште простор за закрепнување ако расположението продолжи да се подобрува? Одговорот речиси сигурно е да“, додаде Метјус.

Во другите тргувања, златото е во плус 1,4 отсто и се тргува околу 4.730 долари, додека среброто е пониско за околу 1 отсто, на 74,3 долари за унца.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни