Трамп ги укина царините на бразилското говедско месо, кафе, какао и овошје

Доналд Трамп ги укина царините од 40% на бразилската говедина, кафе, какао и овошје, воведени во јули. Одлуката ќе ја намали цената на храната во САД и ќе овозможи повторен увоз на бразилски производи, што го поздравија и Бразил и бизнис-секторот.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини на бразилски прехранбени производи, вклучувајќи говедина, кафе, какао и овошје, погодени од 40-процентните царини воведени во јули, соопшти Белата куќа.

Наредбата ќе влијае на бразилскиот увоз во САД од 13 ноември или подоцна и може да бара враќање на царините кои биле наплатени за време на нивното важење, според текстот на наредбата објавена од Белата куќа.

Слична наредба донесена минатата недела

Како што пишува Reuters, САД ги воведоа царините минатото лето и како казна за Бразил поради кривичниот прогон на неговиот претседател, сојузник на Трамп, Жаир Болсонаро.

Овој потег следи по слична наредба на администрацијата минатиот петок за укинување царини на неколку земјоделски производи од други земји, со оглед на тоа што поради некои царини дошло до пораст на цените на храната во Соединетите Држави.

Бразил обично испорачува околу една третина од кафето во САД, нивниот најголем светски потрошувач, а неодамна станал и важен снабдувач на говедина, особено онаа која се користи за производство на хамбургери.

Бразилскиот претседател ја поздрави одлуката

Малопродажните цени на кафето во САД оваа година пораснаа дури за 40%, поради царините, но и други фактори како што се помала продукција поради неповолни временски услови. Растот на цените на храната е главна причина за падот на поддршката за Трамп, која е на најниско ниво од неговото враќање на власт, покажало истражувањето на Ipsos за Reuters.

„Можете да очекувате дека неколку илјади вреќи бразилско кафе што стоеја во царинските складишта ќе почнат брзо да се движат кон американските пржења,“ изјави аналитичарката Џудит Гејнс, претседателка на компанијата J. Ganes Consulting.

„Одлуката за укинување на царините за увоз од Бразил покажува ефикасност на трговските преговори,“ порача бразилската индустриска групација за производство на говедина ABIEC, додавајќи дека ќе продолжи да работи на зголемување на својот удел на американскиот пазар.

Укинувањето на царините беше поздравено и од бразилскиот претседател Лула да Силва.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни