Трамп двојно ќе ги зголеми царините за увоз на челик

„Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во САД од 25 на 50 проценти“ рече тој

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик во САД од 25 на 50 проценти.

„Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во САД од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја обезбеди челичната индустрија во САД“, рече тој на митинг во Пенсилванија.

Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на 25 проценти „без исклучоци или ослободувања“ како еден од неговите први потези за да им помогне на индустриите кои се борат со странска конкуренција.

Царините ќе се применуваат на милиони тони челик и алуминиум увезени од Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја, но и други земји кои извезуваа без царина во САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни