Федералниот апелациски суд на Соединетите Американски Држави ги врати спорoвите поврзани со поништените царини на поранешниот претседател Доналд Трамп назад во Трговинскиот суд на САД. Тој суд сега треба да утврди процедура за враќање на повеќе од 130 милијарди долари на увозниците.
Судот за Апелации на Федералниот круг ја донесе одлуката прифаќајќи го барањето на увозниците случајот да се врати во понискиот суд каде што првично бил покренат на почетокот на 2025 година, пренесува CBS News.
Администрацијата на Доналд Трамп се спротивстави на тоа барање и побара одложување на постапката до четири месеци за да ги разгледа можните понатамошни правни чекори.
Врховниот суд на САД претходно, на 20 февруари, ги поништи царините што Трамп ги воведе врз основа на Законот за меѓународна економска вонредна состојба (IEEPA), наведувајќи дека претседателот нема овластување самостојно да воведува такси.
Судот не прецизираше како државата треба да ги врати средствата на увозниците, што според Трамп можело да доведе до долготрајни судски постапки.
Околу 2.000 увозници веќе поднеле тужби за поврат на средствата, додека помалите компании се надеваат на едноставен и поевтин процес на рефундација.
Адвокатите на тие компании посочуваат дека американската влада има искуство во враќање на царини и дека административните претставници „повеќепати“ гарантирале поврат на средствата, вклучително и со камата, доколку царините бидат поништени.