Трагедија на Крим: Се урна руски воен авион, загинаа сите 29 лица

Руски воен транспортен авион Ан-26 се урна над Крим, при што загинаа сите 29 лица. Според првичните информации, причината е технички дефект.

Руски воен транспортен авион се урнал синоќа над окупираниот украински полуостров Крим, при што загинале сите 29 лица кои се наоѓале во леталото, јави ТАСС, повикувајќи се на Министерство за одбрана на Русија.

Станува збор за авион од типот Ан-26, со кој бил изгубен контакт околу 18 часот по московско време. Истражни тимови веќе работат на местото на несреќата.

Загинаа патници и екипаж

Според официјалните податоци, меѓу загинатите има 23 патници и шест членови на екипажот.

Од Министерството за одбрана соопштиле дека на остатоците од авионот не се пронајдени траги од надворешен напад, поради што во оваа фаза од истрагата како главна причина за несреќата се наведува технички дефект.

Надлежните служби продолжуваат со истрагата за да се утврдат точните околности под кои дошло до падот на авионот. Засега нема дополнителни информации за евентуални други фактори што би можеле да придонесат за трагедијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни