Трагедија кај Крит: 22 мигранти загинаа, спасени 26 лица по морска драма

Во морска несреќа јужно од Крит спасени се 26 мигранти, додека 22 лица загинале по неколкудневно патување преку Медитеранот.

Јужно од Крит се случила трагична несреќа во која 26 мигранти биле спасени, додека 22 лица го загубиле животот за време на опасно патување низ Средоземното Море.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека биле информирани за брод во проблеми на околу 90 километри од подрачјето на Јерапетра

Спасувачка операција на Фронтекс

Во операцијата учествувала и агенцијата на ЕУ Frontex, чиј брод го лоцирал гумениот чамец и спасил 24 мажи, една жена и еден малолетник. Дел од преживеаните биле пренесени во болница, додека другите биле згрижени во пристаништето Калој Лименес.

Тешки сведоштва од преживеаните

Преживеаните изјавиле дека чамецот тргнал од либискиот град Тобрук со околу 48 лица на 21 март и дека патувањето траело шест дена без храна и вода. Тие наведуваат дека дел од патниците починале на море, а телата биле фрлени во вода. За патувањето, мигрантите наводно платиле меѓу 7.100 и 8.500 евра.

Грчките власти уапсиле двајца осомничени криумчари на луѓе од Јужен Судан, додека истрагата продолжува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни