Трагедии на Алпите: Лавини во Австрија убија осум лица за еден ден

Жртвите на „белата смрт“ се претежно оние кои не ги почитуваат предупредувањата, скијаат или одат пеш таму каде што е забрането, возат таму каде што патот е затворен, не ги слушаат упатствата и ги ставаат во опасност не само себеси, туку и спасувачите

Според првичните истраги, седум скијачи од Чешка беа зафатени од лавина во Штаерска. Тројца од нив беа целосно затрупани од лавината.

Австриската телевизија ORF и други австриски медиуми, денеска (недела) известуваат за „црната сабота“ во Австрија поради лавините во кои загинаа дури осум лица за само еден ден. Во саботата попладне, во Понгау, во австриската покраина Салцбург, две лавини убија пет лица. Истиот ден, доцна попладне во Муртал во покраината Штаерска, лавина уби уште три лица во областа Пустервалд, објави ORF доцна во саботата навечер.

Според првичните истраги, седум скијачи од Чешка беа зафатени од лавина во Штаерска. Тројца од нив беа целосно затрупани од лавината. Околу 150 спасувачи се обидоа да ги извлечат телата, но поради временските (не)можности, мораа да ја прекинат операцијата за спасување. Продолжувањето на спасувањето е планирано за денес. Австриските медиуми пишуваат „Црна“ сабота. Со трагичната изјава дека „белата смрт“ згаснала дури осум човечки животи само за еден ден.

Жртвите на „белата смрт“ се претежно оние кои не ги почитуваат предупредувањата, скијаат или одат пеш таму каде што е забрането, возат таму каде што патот е затворен, не ги слушаат упатствата и ги ставаат во опасност не само себеси, туку и спасувачите. Вчера попладне, Планинската спасувачка служба од покраината Салцбург потврди две операции за спасување на луѓе затрупани во лавини во областа Шмуглерсхарте и на планината Финстеркопф во долината Гросарлтал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни