Трагедија во Бразил: Најмалку осум загинати при пад на балон со жежок воздух

Најмалку осум лица загинаа при пад на балон со жежок воздух во јужниот дел на Бразил, додека спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани. Според гувернерот на сојузната држава Санта Катарина, во балонот се наоѓале 22 патници.

Несреќата се случила во местото Праја Гранде, а локалната заедница е во шок поради трагедијата. Веста утринава ја соопшти гувернерот Жоржињо Мело преку објава на платформата X, истакнувајќи дека спасувачките тимови се на терен и не престануваат со потрагата.

Потврдено е дека две лица ја преживеале несреќата.

„Екипите сè уште трагаат по останатите,“ изјави гувернерот.

Се очекуваат дополнителни информации во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни