Традиционална хуманитарна акција на мото клубот ,,Но Лимит”

Членовите на мото клубот ,,Но Лимит” и годинава, во пресрет на Нова Година, ја покажаа својата хуманост. Тие во училиштето „Д-р Златан Сремец” во Скопје донирааа пакети производи од ВИВА и сензорни табли.

Моторцикли, украсени со новогодишни детали, ги заменија ирвасите на Дедо Мраз, носејќи радост и подароци онаму каде што се најпотребни.

,,Овој весел и оптимистички караван на среќа беше токму тоа што недостасуваше во нашиот град, и се надеваме дека успеавме да внесеме многу радост и да изнудиме насмевки на многу дечињата. Среќни сме што го споделивме овој магичен момент со вас и ќе продолжиме да градиме традиција на насмевки и љубов во секој новогодишен период”, велат од ,,Но Лимит”.

Инаку, мото клубот е член и на Мото Асоцијација на Македонија – МАМ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни