МВР во координација со ЈО до овој момент во врска со овој кривично правен настан има осомничено повеќе од 20 тина лица околу 15 се во полициска станица, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Дел од приведените лица кои што моментално се во ПС се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој кривично правен настан согласно доказите кои ги имаме, односно приведено е едно лице кое што е организатор на настанот. Исто така приведени се поранешен државен секретар на МЕ, поранешен мислам дека и сегашен раководител на еден сектор во рамки на МЕ, имаме приведеено поранешен директорот на ДЗС и тројца вработени во рамки на дирекцијата. Дел од приведените кои што се во Кочани се луѓе кои напоменав се организатори на самиот настан, дел бил вклучени во обезбедување -изјави тој.
Тошковски потврди дека легална лиценца за работа оваа фирма нема.
-Не би сакал да откривам повеќе детали затоа што сме многу во рана фаза во оваа истражна постапка. Но ќе кажам дека и оваа лиценца како и многу други работи во минататот во оваа држава е поврзано со мито и коруцпија. И сакам да и напоменам на македонската јавност дека за разлика од претходно во овој случај имаат име и презиме кои се вклучени во делот на нелегалното издавање на лиценци и ќе одговараат за тоа- вели тој.
Според него, досега се утврдени повеќе од 20 повредени и 3 починати малолетни лица. Во дискотеката имало негде согласно првичните информации околу 500 лица, негде околу 250 карти се продадени согласно информациите кои ги имаме добиено.
– Во критична состојба имаме 22 лица и дел од овие лица ќе бидат пренесени со авион во Турција, дел во Бугарија, дел во Грција и ќе биде даден соодветен третман за нивно лекување. Денес Македонија плаче ама одговорност ќе има, за секој еден од корумпираните, неодговорните и секој еден којшто има директно или посредно влијание за настанување на овој кривично правен настан- вели министерот за внатрешни работи.