Топлотниот бран во Европа почна да зема човечки жртви

Двајца мажи над 60 години починаа во одделни инциденти на плажата во Сардинија од жештината, објави новинската агенција АНСА

Неколку денови по ред целиот европки континент е под влијание на екстремно топлотен бран.

Температурите рушат рекорди во Шпанија, Португалија, Франција, Италија и Германија, а на многу места, особено во Грција и Турција беснеат страшни пожари.

За жал, топлиот бран ги зема и првите човечки жртви. Шпанија, Италија и Франција.

Двајца мажи над 60 години починаа во одделни инциденти на плажата во Сардинија од жештината, објави новинската агенција АНСА, додека францускиот министер за енергетика пријави два смртни случаи поврзани со жештината, а 300 други се однесени во болница.

Во Шпанија пак извештаите за смртни случаи укажуваат на повеќе десетици луѓе.

Освен на југот, жештини ги зафатија и делови на централна и источна Европа.

Германските власти воведуваат ограничувања за користење на вода во повеќе од 40 области. Градови како Берлин и Келн отвораат таканаречени „кул места“, климатизирани простори за стари лица и бездомници. Метеоролозите најавуваат можност за соборување на националниот рекорд од 2019 година (41,2 °C).

Во Полска, температурите достигнаа 38°C, што е невообичаено високо ниво за тој регион. Земјоделците предупредуваат на суша што ги уништува посевите. Слични слики доаѓаат и од Чешка и Унгарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни