Токсичен облак со хлор над Каталонија

Шпанските власти издадоа итно предупредување за повеќе од 160.000 жители на пет општини во регионот Каталонија, повикувајќи ги да останат во своите домови поради токсичен облак со хлор што се прошири како последица од пожар во индустриско складиште

Шпанските власти издадоа итно предупредување за повеќе од 160.000 жители на пет општини во регионот Каталонија, повикувајќи ги да останат во своите домови поради токсичен облак со хлор што се прошири како последица од пожар во индустриско складиште.

„Доколку се наоѓате во погоденото подрачје, не го напуштајте вашиот дом или работно место“, се вели во соопштението на Цивилната заштита објавено на социјалните мрежи.

Апелот се однесува на жителите на општините долж крајбрежјето, помеѓу Барселона и Тарагона.

Пожарот избувнал рано утринава во магацин во кој се складирани хемиски производи за базени. Иако нема извештаи за повредени, пожарникарите сè уште работат на гаснење на огнот и спречување на натамошно ширење на штетниот облак.

Властите ги повикуваат граѓаните да ги затворат прозорците и вратите, да останат во затворен простор и да не користат системи за вентилација кои можат да внесат надворешен воздух.

Ситуацијата и натаму се следи внимателно, а се очекуваат дополнителни информации од службите за итна помош и заштита.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни