Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски во Охрид

Во Големата сала на Општина Охрид на 7 март ќе се одржи литературна манифестација посветена на поетот, есеист и книжевен критичар Тоде Илиевски.

Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, охридски поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, ќе се одржи на 7 март 2026 година (сабота) во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11:00 часот.

Настанот е дел од Програмата за култура на Општина Охрид, а во рамки на манифестацијата ќе бидат прогласени победниците од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ“.

Организаторите истакнуваат дека манифестацијата има за цел да му оддаде достојна почит на Тоде Илиевски, автор кој остави значајна трага во културниот и книжевниот живот, особено во книжевноста за деца.

Неговото творештво, како што се наведува, претставува важен дел од литературното наследство не само во Охрид, туку и во Македонија и пошироко во меѓународни рамки.

Литературната манифестација се организира со поддршка од Општина Охрид, а организаторите упатуваат покана до јавноста да присуствува на настанот и заеднички да се оддаде почит на делото и придонесот на Тоде Илиевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни