Тојота во САД повлекува милион возила поради неисправни сензори за воздушни перничиња

Тојота Моторс соопшти дека ќе повлече милион свои возила во САД поради дефект на сензорот што може да предизвика краток спој и да ги деактивира воздушните перничиња.

Поради дефекти на сензорот повлекувањето ги опфаќа возилата од 2020 до 2022 година кои вклучуваат различни модели Avalon, Camry, Corolla, RAV4, Lexus ES250, ES300H, ES350, RX350 Highlander и Sienna Hybrid.

Сензорите обезбедуваат воздушните перничиња да не се активираат ако мало возрасно лице или дете седи на предното седиште. Најавено е дека сензорите ќе бидат проверени и ако е потребно ќе бидат заменети. 

Извор: mia.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни