Јапонскиот производител на автомобили Тојота денеска ја намали својата прогноза за годишен оперативен профит за дури 600 милијарди јени (повеќе од четири милијарди долари) поради американските царини и неповолните девизни курсеви.
Приходите на Тојота за кварталот од април до јуни изнесуваат 12,25 билиони јени, што е повеќе од очекувањата на пазарот, но оперативниот профит на компанијата е намален за 11% во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 1,17 билиони јени, пренесува CNBC.
Во исто време, нето-добивката на Тојота падна за 37% на годишно ниво, на 841,3 милијарди јени, се наведува во извештајот.