„Тишина за жртвите, гласен протест за правдата: Српските студентите на улица за Новогодишната ноќ“

Граѓаните и студентите се собраа во Пионирскиот парк, од каде што тргнаа на прошетка кон Студентскиот плоштад, каде оддадоа почит на настрадалите во несреќата на железничката станица во Нови Сад со 15 минути молчење.

По примерот на студентските демонстрации од 1996/1997. година, студентите на Универзитетот во Белград организираа заеднички дочек на Новата година за сите студенти и граѓани под паролата: “Нема Нова, за старата сте ни уште должни”.

Граѓаните и студентите се собраа во Пионирскиот парк, од каде што тргнаа на прошетка кон Студентскиот плоштад, каде оддадоа почит на настрадалите во несреќата на железничката станица во Нови Сад со 15 минути молчење. Студентите од бројни факултети на Универзитетот во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш бараат од протест на протест исполнување на следниве барања:

– објавување на целокупната документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад,

– одбивање на обвиненијата против уапсените и приведените студенти и млади на протестите по повод падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад,

– поднесување кривични пријави против напаѓачите на студентите и професорите и нивно процесуирање,

– зголемување на издвојувањата од буџетот на Србија за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни