TikTok надмина 200 милиони корисници во Европа

TikTok објави дека има над 200 милиони месечно активни корисници во Европа. Платформата бележи раст, но се соочува со регулаторни притисоци во САД и ЕУ.

TikTok објави дека има повеќе од 200 милиони месечно активни корисници на европскиот пазар, што значи дека кратките видеа ги користи речиси секој трет жител на континентот. Станува збор за значително зголемување во однос на минатата година, кога апликацијата ја користеа 175 милиони луѓе во 32 европски земји.

Глобално, платформата која е во сопственост на кинеската технолошка компанија ByteDance, има повеќе од една милијарда месечно активни корисници, потврди портпарол на компанијата, пренесува CNN.

И покрај растот, TikTok се соочува со сериозни регулаторни притисоци. Во САД, претседателот Доналд Трамп повторно ја стави платформата во фокус, инсистирајќи ByteDance да го продаде американското работење. Во Европа, пак, во мај компанијата беше казнета со 530 милиони евра поради прекршување на правилата за приватност – казна што ја изрече ирската регулаторна агенција.

ByteDance, матичната компанија, се подготвува за откуп на акции од вработените, што би можело да ја процени вредноста на компанијата на над 330 милијарди долари, извести Reuters кон крајот на август.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни