TikTok казнет со 530 милиони евра поради неусогласена заштита на податоци на корисниците

Ирската комисија за заштита на податоци (DPC) соопшти дека TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, не успеал да докаже дека личните податоци на корисниците од ЕУ се соодветно заштитени согласно европската регулатива.

Главниот регулатор на ЕУ за заштита на податоци ја казни платформата TikTok со 530 милиони евра поради загриженост околу начинот на кој ги штити личните податоци на корисниците.

Регулаторот исто така и наложи на платформата да го суспендира преносот на податоци кон Кина доколку обработката на податоци не биде усогласена со законите на ЕУ во рок од шест месеци, пренесе Reuters.

Ирската комисија за заштита на податоци (DPC) соопшти дека TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, не успеал да докаже дека личните податоци на корисниците од ЕУ се соодветно заштитени согласно европската регулатива.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни