Тие ги следат своите чувства: Хороскопски знаци кои ја слушаат интуицијата, а не логиката

Некои луѓе носат одлуки со листа на добри и лоши страни, анализираат, споредуваат и се потпираат на логиката.

Но, постојат и такви кои едноставно се водат од внатрешното чувство. „Не знам зошто, но имам чувство дека ова е вистинскиот пат“, велат тие. Ако некогаш сте резервирале лет само затоа што сте сонувале море, или сте дале отказ затоа што „чувствувавте дека е време“, можеби припаѓате на некој од овие хороскопски знаци.

Риби
Интуицијата кај Рибите е нешто како втора природа. Тие не планираат детално – доволен им е сон, чувство или еден единствен знак од универзумот. Логиката не е нивен водич, туку срцето. „Можам да те погледнам и да знам што има во твојата душа“ – тоа се зборови кои совршено ги опишуваат Рибите.

Рак
Раковите имаат силно „внатрешно чувство“. Ако нешто не им се допаѓа или им „звучи чудно“, ќе се повлечат – и тоа без многу објаснувања. Тие се исклучително емпатични и ја чувствуваат енергијата околу себе. Понекогаш делуваат неразумно, но токму затоа што се раководат од емоции, често имаат право.

Скорпија
Интуицијата кај Скорпиите не е тивка и блага – таа е силна, длабока и често недвосмислена. Тие знаат работи кои никој не ги кажал, некако ги чувствуваат вистините што другите ги кријат. Ако Скорпија каже: „Не ѝ верувам на таа личност“, добро би било да ја послушате – нивниот инстинкт ретко ги изневерува.

Овие знаци не бараат логични објаснувања – тие си веруваат себеси. А нивната интуиција, повеќе пати, се покажува како најточен компас.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни