Според ЈАТО Динамикс, БМВ во јули ја престигнал Тесла на европскиот пазар за електрични автомобили. Германскиот бренд минатиот месец испорачал 14.869 нови електрични автомобили во Европа, 308 повеќе од американскиот ривал.
Продажбата на електрични возила во Европа паднала за шест отсто на годишно ниво, што според ЈАТО Динамикс се препишува на недостаткот на владини субвенции и загриженост на купувачите во врска со вредноста на половните возила.
Најпродавано електрично возило во Европа минатиот месец бил модел I, а потоа следуваат Волво ЕКС30 и Волксваген ИД.4. Инаку, во однос на истиот месец минатата година, продажбата на моделот I и моделот X е намалена за 17 и 16 отсто.
Извор: Ревија ХАК