Тешко повредените во пожарот заминуваат на лекување во Солун и Софија

-Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични -рече министерот.

Тројца тинејџери со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.

Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау.


Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство.

– Во тек се припремите. Иницијално тројца за Грција. Во тек е останатото организирање и тријажирање – велат од Штабот.

Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари, најави дека дваесетина најтешко повредени, ќе се лекуваат во странство.

Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопштија дека три нивни возила ќе транспортираат повредени сместени на КАРИЛ за лекување во соседна земја.

Во меѓувреме, Бугарија испраќа авион на бугарското воено воздухопловство во кој патуваат лекари за реанимација и специјалисти за изгореници

Пет од вкупно дваесетте потешко повредени лица од пожарот во Кочани со авионот „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство ќе бидат транспортирани на понатамошно лекување во соседна Бугарија, изјавија бугарските власти.

Во соопштението се вели дека во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за реанимација и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат сместени во специјализираните единици за изгореници во медицинските установи во Софија и Варна, а дополнително ќе бидат подготвени и други болници во Софија, Варна и Благоевград за да се примат дополнителни повредени лица доколку има потреба. Во соопштението на бугарските власти се вели и дека Бугарија е подготвена да прими уште жртви и оти се во координација со македонските власти.

Мнистерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека најтешко повредените пациенти пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, и оти третман понудиле и од Албанија и Холандија.

-Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични -рече министерот.

Тој додаде дека за тоа кој од покритичните пациенти каде ќе биде транспортиран оставил на екипата анестезиолози да одредат каде сметаат дека би било најдобро за натамошен третман.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни