Во известувањата до своите корисници, и двете компании посочуваат дека цените ќе бидат зголемени од 25 април, и ги охрабруваат потрошувачите да купуваат „по денешни цени“ додека тоа е можно.
„Поради неодамнешните промени во трговските правила и царините, нашите трошоци за работа се зголемија. За да продолжиме да ви ги нудиме омилените производи без компромиси во квалитетот, од 25 април 2025 година ќе извршиме прилагодување на цените“, стои во соопштението.
Shein и Temu, кои продаваат сè – од играчки до електроника, доживеаја голем раст во САД, делумно благодарение на т.н. „de minimis“ изземање, кое им овозможуваше да испраќаат пакети поевтини од 800 долари без да плаќаат царина.
Но, со новата извршна наредба на Трамп, оваа правна дупка се затвора. Од 2 мај, ваквите пакети од Кина и Хонг Конг ќе бидат подложни на царинење, што дополнително ќе го отежне работењето на овие две компании на американскиот пазар.