По објавувањето на извештајот од европските организации за заштита на потрошувачите, кој укажува на сериозни безбедносни недостатоци кај одредени производи достапни на платформата, Temu испрати реакција до јавноста, нагласувајќи дека безбедноста и квалитетот на производите се нивни врвен приоритет.
„Temu особено сериозно ја сфаќа безбедноста на производите и продолжува интензивно да вложува во зајакнување на својот тим за доверба и безбедност. Значително ја проширивме нашата програма што обезбедува квалитет, зголемувајќи го тестирањето на производите преку продлабочена соработка со компании што се глобални лидери на полето на тестирањето и усогласеноста, вклучувајќи ги TÜV SÜD, TÜV Rheinland, SGS и Bureau Veritas“, се вели во соопштението од Temu.
Компанијата истакнува дека останува посветена на усогласеноста со сите важечки регулативи и дека активно работи на подобрување на безбедносните стандарди. Temu наведува дека соработува со регулаторните тела и индустриските експерти за да обезбеди производите на платформата да ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност.
Оваа реакција ја добивме откако на нашиот сајт беше објавена оваа вест: https://trn.mk/otkrieni-novi-problemi-so-temu-golemi-nedostatoczi-vo-na%D1%98popularnite-proizvodi/.