Телото на папата денес ќе биде изложено во Базиликата Свети Петар: Десетици илјади луѓе се слеваат во Рим

Откако папата Франциск ќе биде погребан, деканот на Кардиналскиот колеџ има до 20 дена да ги свика кардиналите во Ватикан и да започне конклавата.

Поглаварот на Католичката црква почина во понеделник. Неговото тело во вторник беше изложено во отворен ковчег во неговата резиденција во Домот Света Марта, а денес ќе биде изложено во Базиликата Свети Петар за верниците да му оддадат почит.


Илјадници католици се молеа на плоштадот Свети Петар во Ватикан за папата Франциск. Неговиот погреб ќе се одржи во сабота во 10 часот на плоштадот пред Базиликата Свети Петар. Телото на папата денес ќе биде изложено во таа базилика како дел од јавниот период на жалост, додека десетици илјади луѓе се слеваат во Рим за да му оддадат почит.

Откако папата Франциск ќе биде погребан, деканот на Кардиналскиот колеџ има до 20 дена да ги свика кардиналите во Ватикан и да започне конклавата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни