„Тела за еднократна употреба“, видеоинсталација на словенечката уметница Лара Рајхман востудиото Приватен принт

Поставката ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана, кој ќе се одржи следниот ден, на 6 март, со почеток во 19 часот. Изложбата ќе може да се погледне до 26 март.

На 5 март 2026 година, со почеток во 19 часот, во студиото Приватен принт во Скопје, е закажано
отворањето на видеоинсталацијата „Тела за еднократна употреба“ на словенечката уметница
Лара Рајхман. Поставката ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа
Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана, кој ќе се одржи следниот ден, на 6 март, со почеток
во 19 часот. Изложбата ќе може да се погледне до 26 март.

„Тела за еднократна употреба“, ги преплетува историските факти и фикцијата, црпејќи од
приказната за жените астрономски компјутери, жени вработени во опсерваторијата Харвард кон
крајот на 19 век, кои документираат и мапираат ѕвезди на ноќното небо. Видеоинсталацијата, со
својата историска позадина и самата поставка, користи метафора и поетски наратив за да го
постави прашањето кој останува запаметен и како телата стануваат алатки во системи базирани
на податоци.

Лара Рајхман (1995) е визуелна уметница од Љубљана, Словенија, која работи во областа на
видео, анимација и дигитална графика. Комбинирајќи историски фрагменти со фиктивни
наративи, таа (пре)обмислува приказни за заборавени, избришани или недостижни места, како и
фигури кои постојат на маргините на запишаната историја. Нејзините неодамнешни проекти се
фокусираат на слики од далечинско набљудување и фотографија како алатки за екстракција на
податоци, преиспитувајќи ја објективноста на таквиот визуелен материјал и дисперзираната
гледна точка што ја овозможуваат дигиталните технологии. Преку употреба на кинематографски
и театарски елементи, таа истражува различни пристапи кон раскажувањето приказни во рамките
на изложбените простори.

Оваа изложба е дел од групната изложба „Светло минато е пред нас“ курирана од Илија
Прокопиев и Марија Христова, првично создадена и поставена во галеријата „Шкуц“ во Љубљана
во јуни 2025 година. Во 2026 година, се сели во студиото на Приватен принт како дисперзирана
програма од 5 мали самостојни изложби во текот на целата година.

Инсталацијата на Лара Рајхман во Скопје е реализирана во копродукција со галеријата „Шкуц“
Љубљана. Изданието на „Светло минато е пред нас“ во 2026, е кофинансирано од
Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.

Програмата на уметнички разговори е курирана од Јана Старделова и организирана во соработка
со Tиииит! Инк., а поддржана од Kvinna till Kvinna и Embassy of Sweden in Skopje.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни