Техеран гради „дигитална железна завеса“: Иран се подготвува за изолација од глобалниот интернет

Иран планира целосно да се изолира од глобалниот интернет, овозможувајќи пристап само на „проверени“ корисници, како дел од одговорот на масовните протести и економската криза.

Иран размислува за радикален пресврт во областа на дигиталните комуникации, со цел создавање на затворена национална интернет-мрежа како замена за глобалниот интернет, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Според плановите на властите, целата земја би била отсечена од светската мрежа, а пристап до интернет би имале само „проверени“ корисници – лица со безбедносни дозволи или оние кои минат специјална државна проверка. За останатото население би бил достапен само националниот интернет, целосно изолиран од надворешниот свет.

Иранските власти веќе привремено го исклучиле интернетот на 8 јануари, а во одредени области биле ограничени и телефонските услуги, што дополнително ја отежнало комуникацијата на граѓаните.

Овој потег доаѓа во контекст на масовни протести кои избувнаа во декември 2025 година по наглата девалвација на иранскиот ријал. Демонстрациите беа најсилни во Техеран, но и во други големи градови. Во обид да ги сопрат немирите, властите ја зајакнаа безбедноста, користејќи солзавец и воздушни пушки против демонстрантите.

Иранскиот официјален Техеран ги обвинува САД и Израел за протестите, иако овие земји ги негираат обвиненијата.

Аналитичарите предупредуваат дека воведувањето на затворена национална интернет-мрежа би било еден од најрадикалните обиди за дигитална изолација на една држава во современиот свет, со можни далекусежни последици за општеството, економијата и секојдневниот живот на граѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни