Техеран под силно бомбардирање, жителите сведочат на страшната глетка

Иранските медиуми јавуваат за повеќе проектили во предградијата на Техеран, додека жителите ноќта ја минале без сон

Иранската престолнина Техеран утринава повторно е погодена од силно бомбардирање, јавуваат иранските медиуми. Дел од жителите тврдат дека станува збор за најинтензивните напади од почетокот на израелско-американските операции.

Локалните медиуми наведуваат дека десетина проектили погодиле делови од предградието Пардис. Жители на Техеран за агенцијата ДПА изјавиле дека прозорците на станбените облакодери во новоизградените населби се треселе од силата на експлозиите.

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа густ сив чад што се издига над падините на планинскиот венец Алборз.

„Прозорците се тресеа, авиони се слушаа од небото“

Жителите на Техеран, град со околу 15 милиони жители, зборуваат за ноќ исполнета со страв и без сон.

„Прозорците се тресеа, а од небото се слушаше звукот на борбени авиони“, изјавил Мохамед, 34-годишен новинар.

„Се обидував да ја смирам сопругата, иако и самиот бев во шок.“

Тој оценил дека станува збор за досега најтешкото бомбардирање, додавајќи дека очекува уште потешки ноќи.

Израелската армија соопшти дека граѓаните може да излезат од засолништа

Израелската армија во меѓувреме рано утринава соопшти дека жителите низ земјата можат да ги напуштат засолништата по најновиот ирански ракетен напад.

Израелските одбранбени сили наведоа дека граѓаните можат да ги напуштат „заштитените простори“, но треба да останат во нивна близина.

Претходно утрово сирени за тревога се огласиле низ повеќе делови од земјата, вклучително и во Тел Авив.

Развојот на ситуацијата во Иран и Израел се следи од час во час, а нови информации за евентуални жртви и штети се очекуваат во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни