Tаравари: Teшко повредените пациенти ќе се носат на лекување во Бугарија, Турција, Србија

Повредите се генерално изгореници, но има и дел со скршеници. Во Штип има 39 пациенти. Некои од нив имаат изгореници од втор степен.

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека 20 пациенти се во критична состојба. Дел од нив ќе се пратат на лекување во странство.

-Крв има доволно во сите болници. Се надева дека ќе ги спасат сите деца. Во Бугарија, Турција, Србија ќе бидат однесени по неколку пациенти. Се понудија и Албанија и Холандија- изјави Таравари.


Тој вели дека повредите се генерално изгореници, но има и дел со скршеници. Во Штип има 39 пациенти. Некои од нив имаат изгореници од втор степен. 

Во пожарот во дискотеката во Кочани ноќеска настрадаа 59 луѓе. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни