Sven Väth на Таксират — техно легендата доаѓа во Скопје

Фестивалот ја проширува програмата со втора вечер посветена на електронската сцена, со настап на еден од највлијателните светски диџеи.

Таксират Фестивал ја проширува својата главна програма со вечер резервирана исклучиво за електронската сцена — и тоа со стил што ветува историска журка. Кога Таксират кулминира, на сцената ќе застане Sven Väth, живата легенда која ги постави темелите на техно-звукот и ја обликуваше електронската култура каква што ја познаваме денес.

Музички пионер, визионер и култен артист што повеќе од три децении го диктира пулсот на светските подиуми, ќе настапи на 7 декември во Арена „Борис Трајковски“, во вечер која веќе се најавува како најголемата електронска забава на годината.

Ден претходно, на 6 декември, главната бина ќе ја преземат LD Pistolero, DJ Goce и R.O.N.I.N., во автентична хип-хоп вечер што ја носи енергијата на локалната улична сцена. Пистолеро доаѓа со нов материјал од својот трет соло-албум „Друга Клапа“, издаден во јуни оваа година, подготвен да го претстави хип-хопот во неговата најчиста и најжива форма.

А за вистинскиот хаос по традиција се грижат Дубиоза Колектив, кои на 6 декември ќе ја запалат арената со нивниот препознатлив балкански енергетски ритам. Верните пријатели на македонската публика се враќаат на сцената на Таксират со полна сила, носејќи атмосфера што спојува илјадници луѓе и го претвора Скопје во една голема позитивна фешта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни