Властите ја оправдуваат одлуката со тоа што земјата никогаш не воспоставила јасна регулатива по декриминализацијата во 2022 година, што довело до масовно отворање на продавници, често во близина на младински зони и без медицински надзор.
„Политиката мора да се врати на својата првична цел – канабис само за медицинска употреба“, изјави владиниот портпарол Џирају Хоунгсуб.
Новата наредба од Министерството за здравство, објавена во вторник навечер, забранува рекреативна продажба и дозволува употреба само со лекарски рецепт. Очекува се регулативата наскоро да биде објавена во Кралскиот весник и официјално да стапи на сила.
Според проценките на Трговската комора на Тајланд, индустријата со канабис можела да достигне вредност од 1,2 милијарди долари до 2025 година – но новите закони може целосно да го сопрат овој развој.