Светската здравствена организација СЗО соопшти дека нападите од страна на САД и Израел на ирански нафтени постројки предизвикаа сериозно загадување на вода, воздух и храна во земјата.
Главниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалните мрежи напиша дека „во некои делови на Иран се забележува дожд измешан со нафта“, што може да има сериозни последици за здравјето, особено кај деца, постари лица и хронично болни.
Последици од нападите
Нападите се случија за време на викендот и погодиле неколку нафтени постројки во Техеран и околината.Според иранската државна телевизија, во нападите загинале четири лица. Загадувањето од нафта може да предизвика токсични ефекти и долгорочни здравствени проблеми, вклучувајќи и преку консумација на храна и вода.
СЗО апелира за брзи мерки за заштита на населението, особено на ранливите групи, и за мониторинг на еколошките и здравствени последици од нападите.