Две лица загинаа во Италија: маж се вратил да ја спаси соседката и загинал во ново свлечиште

Обилните дождови предизвикаа серија свлечишта во северна Италија

Две лица загинаа на северот на Италија по серијата свлечишта предизвикани од обилни дождови, соопштија денеска локалните власти.

Меѓу загинатите е 32-годишен Германец кој неодамна се доселил во селото Брацано ди Кормонс. Спасувачките екипи го пронајдоа и телото на 83-годишна жена чијата куќа била целосно затрупана од земјиштето, информира италијанската противпожарна служба.

Регионoт денови наназад е погоден од интензивни врнежи што поплавија улици и подруми, а во Брацано свлечиштата уништија три куќи.

Според првичните информации, 32-годишниот маж успеал да се извлече на безбедно, но се вратил назад за да ја предупреди својата 83-годишна сосетка. Во тој момент се активирало ново свлечиште кое ги затрупало и двајцата.

Локалните власти ја опишаа трагедијата како „страшен потсетник на опасностите што ги носат екстремните временски услови“ и ја истакнаа храброста на младиот човек кој загинал обидувајќи се да спаси друг живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни