Sвездите на Манчестер Сити се вратија во тимот

Рубен Дијаз, Нејтан Аке и Џек Грилиш, кои ја пропуштија победата над Њукасл викендот, ги продолжија тренинзите со Манчестер Сити пред утрешното клучно гостување кај Реал Мадрид во реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите.

На денешната сесија се најде и најдобриот стрелец на тимот Ерлинг Халанд, кој во последните секунди од мечот против Њукасл се фати за колено и доби лекарска помош.

Дијаз не беше целосно подготвен за мечот викендов и поради оваа причина Гвардиола не ризикуваше да го вклучи, Аке беше болен, а Џек Грилиш се повреди на првиот меч со Реал на стадионот „Етихад“.

Вечерва, по пристигнувањето на тимот во Мадрид, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола ќе ја одржи својата прес-конференција пред натпреварот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни