Металниот прстен со пречник од приближно 2,5 метри и тежина од околу 500 килограми паднал во селото Мукуку на југот од Кенија. Официјалните лица веруваат дека се работи за дел од вселенското возило за лансирање ракета.
Вселенски отпад тежок околу 500 килограми падна во село во Кенија.
КСА соопшти дека во соработка со други агенции и локалните власти го обезбедиле подрачјето и го отстраниле вселенскиот отпад, кој сега се истражува, пренесува кенијскиот портал “Кенианс”.
КСА појасни дека станува збор за “изолиран случај”.
„Сакаме да ја увериме јавноста дека објектот не претставува непосредна закана за безбедноста. Нашите експерти ќе го анализираат објектот, ќе ги користат постојните рамки за идентификација на сопственикот и ќе ја известуваат јавноста за следните чекори и резултати“, соопшти КСА.