Според банката, во 2025 година глобалниот раст ќе изнесува само 2,3%, што е за 0,4 процентни поени пониско од предвиденото во јануари. За 2027 година се предвидува скромен раст од 2,6%, објави BBC.
Овие прогнози доаѓаат по воведувањето на универзална царина од 10% на сè што се увезува во САД од страна на Доналд Трамп, како и зголемување на царините за челик и алуминиум. Овие мерки предизвикаа пад на финансиските пазари уште во април.
Трговската комисија на САД во мај утврди дека најголемиот дел од глобалните царини се незаконски, иако администрацијата на Трамп доби жалбена дозвола да ги задржи на сила засега.
Светската банка ги намали и очекувањата за економскиот раст на САД за 2025 и 2026 година, поради ескалацијата на трговските тензии кои го разнишаа инвеститорското доверба и ја намалија приватната потрошувачка.
Од друга страна, прогнозата за Кина останува непроменета. Банката оцени дека Кина има доволно финансиска стабилност за да се справи со „значајните предизвици“ од глобалната политичка неизвесност.
Светската банка предупреди дека евентуално ново зголемување на американските царини може дополнително да го забави глобалниот раст и да доведе до раст на инфлацијата. Се предвидува можна „ескалација на трговските конфликти, пад на довербата, зголемена неизвесност и нестабилност на финансиските пазари“.
Сепак, во извештајот се наведува дека шансите за глобална рецесија се сè уште мали – под 10%.
Овој извештај се објавува по намалените економски изгледи и од страна на ОЕЦД, кој предвидува глобалниот раст да достигне „скромни“ 2,9% – пониско од претходно проектираните 3,1%.
Во меѓувреме, во центарот на Лондон се одржа нова рунда разговори за решавање на трговската војна меѓу САД и Кина.