Утре се празнува Свети маченик Трифун, кој е заштитник на лозарите, градинарите и сите кои се занимаваат со земјоделство. На овој ден се изведуваат обреди за благослов на лозјата и посевите со цел плодна и успешна година.
Според народната традиција, празникот го означува почетокот на пролетните земјоделски работи и се смета за ден на надеж, заштита и среќа во текот на годината. Верниците присуствуваат на богослужби и земаат благословени лозови гранчиња кои ги носат дома за заштита и плодност.