Свет град во кој илјадници луѓе доаѓаат да умрат

Во светиот град Варнаси илјадници хиндуистички верници доаѓаат секоја година за да ги поминат своите последни денови на Земјата.
Фото: Narvikk, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Смртта на брегот на Ганг гарантира дека тие таму ќе бидат кремирани, а нивната пепел ќе биде исфрлена во водата од пристаништата на реката, за што се верува дека обезбедува нивно ослободување од циклусот на повторно раѓање.

Бадри Прасад Агарвал кој има 92 години, два дена патувл преку 1000 километри од крајнозападната држава Раџастан и сега е среќен и спокоен знаејќи дека ќе умре на вистинското место.

„Ова е божја земја. Во божјата куќа сум“  вели тој, одмарајќи се од долгиот и тежок живот.

Тој вели дека секојдневно разговара со Бог кој му кажал дека има уште пет месеци живот. Сместување нашол во добротворниот пансион наречен Мумукшу Баван, што значи „Куќа на оние кои бараат спас“. Постојат некоку вакви конаци во градот.

Овој центар има 40 соби во кои живеат дел од илјадниците луѓе кои доаѓаат во Варанси за да умрат. Агарвал е среќен што нашол сместување таму, бидејќи е еден од конаците најблиску до реката, оддалечен само една минута пешки.

Градот Варанси, познати и како Бенарес е едно од најсветите места на светот. Тоа е градот на Шива, богињата на уништувањето, која спроед верувањето мора да уништи пред повторно да створи.

Луѓето кои бараат ослободување патуваат таму со векови. Некои доаѓаат сами и зависат од останатите да им помагаат, а некои доаѓаат и со својот брачен партнер.

Долгиот пат најчесто верниците го плаќаат со својата животна заштеда или ги носат роднини, кои се грижат за нив. Постојат здравствени установи за болните, но во овој град смртта не е нешто за жалење.

Напротив, се смета за благослов бидејќи старешините веруваат дека нивните души ќе бидат ослободени од циклусот на живот и смрт.

Нати Баи, која има 72 години се преселила во Варанаси пред две години и оттогаш работи во центар за кремирање.

„Сакам да бидам кремирана…мојата душа да пронајде мир, а мојата пепел да се шета по Ганг“ вели таа.

Таа ги гледа прославите на умрените, уверена дека ги чека спасение.

„Кога луѓето се носат на кремирање, тоа е како да ги носат на трон, како Бог“ вели таа.

Гулаб Баи дошла во Варанаси пред 30 години заедно со нејзиниот сопруг. Тој умрел по седум години, а таа е спрема за умирање, иако ја посетуваат нејзините возрасни деца. Таа има 91 година и облечена во сари со боја на шафран, света боја на хиндуизмот, мирно го чека својот ред.

„Смртта и кремирањето го прекинуваат бескрајниот циклус на живот и смрт тука. Тогаш ќе постигнам спасение“ вели таа.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни