Настанот, одржан на 8 ноември, привлече големо внимание со светлосни ласери, рефлектори и видео-проекции, а на LED екранот зад пултот беше прикажана и видео порака од Папата Лео XIV.
„Драги млади,“ се обрати Папата во снимката. „Со радост ве поздравувам додека се собирате пред оваа прекрасна катедрала во Кошице, која е пулсирачко срце на верата и надежта. Доаѓајќи од различни земји, но обединети во истата вера, вашето присуство е опиплив знак на братство и мир.“
Тој продолжи: „Исус ве повикува да бидете сведоци на заедништво, градители на мостови и носители на доверба во свет кој често е обележан со поделби и недоверба. Не плашете се да покажете дека сте христијани, да го живеете Евангелието со ентузијазам и да ја споделувате радоста што произлегува од средбата со Господ.“
Папата Лео XIV, роден како Роберт Френсис Превост, е првиот поглавар на Католичката црква од САД и е познат како еден од најпрогресивните. Танц музиката не е само хоби за Падре Гилјерме – тој неодамна објави EP насловен Integral Ecology и настапи на фестивалот Dreamfields México. Папината видео порака е дел и од неговиот оригинален сингл „Dear Young People“.
Сепак, не се сите воодушевени. Некои критичари ја обвинуваат Црквата дека премногу се приближува кон „денс“ културата. Во Advent Messenger, Енди Роман пишува дека „ова претставува уште едно големо отстапување од христијанската вера“, наведувајќи дека рејвите „често се поврзуваат со дроги, алкохол и сексуалност“.
И покрај критиките, останува впечатокот дека ова нема да биде последниот ваков рејв. Откако верниците ја почувствуваа атмосферата, веројатно ќе посакаат уште.
Извор:Edmidentity
