Сепак, нејзината употреба предизвикува сè поголеми контроверзии, а Данска во 2023 година одлучи да ја забрани употребата на суплементи што ја содржат.
Зошто е забранета во Данска?
Данскиот технички универзитет во својот извештај истакна потенцијални ризици од употребата на ашваганда: можна интерференција со хормоните на тироидната жлезда и половите хормони, како и влијание врз плодност
Традиционална употреба
Во ајурведската медицина, ашваганда се користи со векови за подобар сон, поголема енергија, зајакнување на имунитетот и како природна поддршка за либидото. Поради овие својства често ја нарекуваат и „индиски женшен“.
Потенцијални придобивки
Истражувањата и искуствата на корисниците покажуваат дека ашваганда може да помогне во:
- намалување на стрес и анксиозност
- подобрување на квалитетот на сонот
- зајакнување на концентрацијата
- подобрување на спортските перформанси
- можна зголемена концентрација на тестостерон кај мажите
Ризици и претпазливост
Ашваганда не е за секого. Не се препорачува за бремени жени, доилки, лица со заболувања на тироидната жлезда или црниот дроб, како и за оние кои користат одредени лекови. Можни несакани ефекти се мачнина, дијареја, поспаност или непријатност во стомакот.
Совет од експертите
Не постои конечен одговор за безбедноста и ефектите на ашваганда – одредени научни истражувања ја поддржуваат, додека други предупредуваат на ризиците. Најдобро е пред употреба да се консултирате со лекар.
Извор: N1info.rs