Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад вчера вечер дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако истече рокот што студентите во блокада им ги поставија на деканот и на полицијата. Деканот, кој вчера ги избркал студентите и го заклучил факултетот, изјави дека нивното барање звучело како ултиматум. Откако од толпата преку мегафон беше порачано на полицијата пред влезот дека има рок од 10 минути да се повлече, настанала општа паника.
Платото пред факултетот целосно било „окупирано“ од полицијата и исчистено од граѓани и студенти. Демонстрантите беа растерани во поширок периметар. Претходно, беше активирана пиротехника, неколку пати беше употребен бибер спреј, а дојде и до турканици на самиот влез од факултетот, пренесува N1.

На местото пристигнала и Брзата помош, а според очевидци, има полесно повредени лица и граѓани кои биле испрскани со бибер спреј при судирот со полицијата.
Полицијата го потиснала собраниот народ од платото и направила формација која не дозволува никој да се доближи до зградата. Обрачот се проширува за да се спречи пристапот до факултетот, каде што од вчера наутро се наоѓа деканот со уште неколку колеги.
Во еден момент граѓаните ги кренале рацете во воздух додека полицијата минувала. На терен се приклучила и Жандармеријата, кон која од толпата биле фрлани различни предмети.
Граѓаните биле опколени од сите страни, а во еден момент настанал стампедо. Се барало граѓаните да се повлечат од Филозофскиот факултет, додека новинарите биле пропуштани. Еден од ветераните, кој имал повреда на носот, изјавил за Н1 дека бил удрен со полициски штит.

Ветераните го прашувале полицијата дали се предавници, додека од толпата се извикувало „срам да ви е“ и „управата надвор“.
Според репортерот на Н1, припадник на Жандармеријата му наредил на снимател да го исклучи рефлекторот што го користеле за снимање во ноќни услови. Откако му било кажано дека новинарите само си ја вршат работата, жандармот предупредил: „ќе бидете уапсени“.
Протестите пред Филозофскиот факултет во Нови Сад се резултат на зголеменото незадоволство кај студентите поради, како што наведуваат, нетранспарентното и авторитарно управување со институцијата. Повод за ескалацијата беше одлуката на деканот, донесена на 26 август, со која студентите беа иселени од факултетот, а зградата заклучена, откако тие започнаа блокада барајќи смена на управата и поширок академски дијало